Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Осуда на заканите кон новинарите од 1ТВ од страна на бизнисменот Азманов

ZNM
Monday 21 January, 2019Monday 21 January, 2019/ Monday 21 January, 2019

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува вербалната закана за убиство упатена кон новинарите и уредникот на 1ТВ Ацо Кабранов од страна на бизнисменот Зоран Азманов. Овие закани претставуваат брутално кршење на правата на новинарите и обид за цензура во медиумите кои се обидуваат критички да ја опсервираат  работата на бизнис заедницата.

Бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Македонија активно да го следат овој инцидент во насока на брза разрешница. Само со строга санкција на нападите и заканите може да се спречи дополнително насилство кон новинарите.

Повторно потсетуваме дека доколку граѓаните сметаат дека медиумите известуваат непрофесионално на располагање ги имаат Советот на честа при ЗНМ, како и Советот за етика во медиумите. Медиумската саморегулација е најдобриот начин да се заштитат граѓаните од евентуално непрофесионално новинарство и непринципиелна работа на медиумите.

 

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: