Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Осуда на вербалните закани на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

ZNM
Monday 18 February, 2019Monday 18 February, 2019/ Monday 18 February, 2019

Здружението на новинарите на Македонија ги осудува вербалните закани изречени од страна на застапник на менаџментот на телевизијата „1тв“  Бојан Јовановски врз новинарката на Макфакс, Мери Јордановска.

Менаџерот Јовановски кој е син на доминантниот сопственик на „1ТВ“, во својот напис на социјалните мрежи директно ја прозива Јордановска поради нејзини изречени критики за емисијата „Инсајдер“,  која се емитуваше на оваа телевизија. Тој преку своите објави се обидува да изврши притисок врз новинарката со тоа што јавно ја прозива да провери дали сопственикот на медиумот каде што таа работи преговара со „1тв“ за соработка.

ЗНМ на овие реакции гледа како на закани по работното место на новинарката и обид да влијае врз нејзиното известување, но и нејзината критична опсервација на објавени медиумски содржини. 

Потсетуваме дека Законот за медиуми во членот 11 дава право на новинарот да го изнесе својот став и мислење за работата на истиот доколку не се придржува кон професионалните правила на новинарската професија утврдени од страна на професионалните организации на новинари и тоа во медиумот каде новинарот е ангажиран, а не пак за став кон работата на други медиуми.

Потребно е да се знае дека менаџментот и уредувачката политика се одвоени, согласно домашните и европските пракси и регулативи. Ваквите изјави од страна на лица со менаџерска функција во медиум кои се блиски до сопствениците на истиот може да влијаат негативно врз и онака кревката состојба на слободата на изразување и независноста на медиумите.  

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: