Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одржана работилница на тема: „Нови трендови на говор омраза во медиумите и плагијатура во новинарството“

ZNM
Thursday 30 August, 2018Thursday 30 August, 2018/ Thursday 30 August, 2018

Здружението на новинарите на Македонија од 24-ти до 26-ти август, во Охрид, организираше дводневна работилница на тема: „Нови трендови на говор омраза во медиумите и плагијатура во новинарството“.

Учесници на оваа работилница беа новинари, уредници и адвокати, додека пак обучувачи на истата беа претседателот на ССНМ, Тамара Чаусидис и членот на комисијата за жалби при СЕММ, Ердем Ахмет.

Една од главните теми кои беа разработени за време на работилницата беше темата за авторски права, поточно како да ги заштитиме нив, но и како да ги почитуваме туѓите авторски права. Потоа се дискутираше за говорот на омраза во македонското општество со нагласок на медиумите и социјалните мрежи, а стана збор и за професионалната етика во новинарството.

На учесниците им беа презентирани случаи од Европскиот суд за човекови права, како и од домашните судови за предмети кои се поврзани со темите кои беа опфатени на предавањата.

Главен заклучок од обуката беше дека иако во Кривичниот законик е регулиран говорот на омраза, во судската пракса нема случаи поврзани со говор на омраза во новинарството. За разлика од тоа Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на честа при ЗНМ и Советот за етика во медиумите на Македонија на неколку наврати имаат реагирано за присуство на говорот на омраза во медиумите.

Оваа работилница беше организирана во рамки на проектот: „Мрежа на новинари за медиумските слободи во Македонија”, финансиран од ЕУ.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin