Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одржана работилница на тема: „Заштита на лични податоци и медиумите и споделување на добри практики за безбедно новинарство“

ZNM
Saturday 16 March, 2019Saturday 16 March, 2019/ Saturday 16 March, 2019

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер организираше дводневна работилница за новинари на тема: „Заштита на лични податоци и медиумите и споделување на добри практики за безбедно новинарство“.

Работилницата се одржа во Прилеп од 14-16 март, а обучувачи на истата беа истражувачката новинарка Сашка Цветковска и експертот во полето на заштитата на лични податоци Маријана Марушиќ-Кос.

Меѓу главните теми кои беа разработувани на работилницата беше објавувањето на лични податоци од страна на медиумите / правото на лични податоци, а беа разгледувани и поединечни случаи поврзани со балансот помеѓу правото на заштита на лични податоци и слободата на информирање.

ЗНМ и Фондацијата Конрад Аденауер во континуитет работат на професионализација на новинарската фела преку одржување на бројни работилници и активности, како и преку објавување на анализи и публикации за унапредувањето на заштитата на авторските права како важен сегмент од новинарската професија.

Галерија со слики од работилницата можете да погледнете на следниот линк.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin