Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одржана дебата на тема „Слободата на говорот и правната рамка“

ZNM
Friday 14 December, 2018Friday 14 December, 2018/ Friday 14 December, 2018

Здружението на новинарите на Македонија организираше студиска дебата на тема: „Слободата на говорот и правната рамка“. Таа беше организирана во рамките на проектот „Новинарска мрежа за медиумските слободи во Македонија“, а учесници на истата беа претседателот на ЗНМ – Насер Селмани, поранешниот претседател на Хрватското новинарско здружение(ХНД) – Саша Лековиќ и генералниот секретар на Европската федерација на новинарите(ЕФН) – Рикардо Гутиерез.

Главна цел на дебатата беше да се даде свој придонес на јавната дискусија за потребните системски реформи кои треба да се спроведат, со цел да се зголеми нивото на сободата на медиумите и безбедноста на новинарите.

Беше констатирано дека фокусот на новата влада, но и сите останати чинители треба да бидат сеопфатни реформи во медиумскиот сектор што подразбира измени во сет закони битни за работата на новинарите и медиумите.

Единствено целосна имплементација на овие закони може да придонесе за создавање на поволен и безбеден амбиент за работата на новинарите, но и подобрување на имиџот на државата кога се работи за индексите на слободата на изразувањето.

Во видеото во прилог може да ја погледнете целата дебата.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin