Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставка поднесена од новинарката Кети Гетева

ZNM
Tuesday 12 February, 2019Tuesday 12 February, 2019/ Tuesday 12 February, 2019

Советот на честа заклучи дека има основ да се разгледа претставката поднесена од Кети Гетева од ТВ Алфа во која таа реагира на наслов на текст објавен во “Народен Глас“ – “Како куртонката Кети Гетева води ТВ дебата на ТВ Алфа куртон Васе хефталица приказује?!?!?

Советот на честа оцени дека со ваквиот наслов се прекршени професионалните и етичките принципи на Кодексот на новинарите на Македонија, посебно наведени  во точките 7,10,15 и 16. Советот цени дека порталот на истото место каде што е објавена недоличната и непрофесионална квалификација за колешката Кети Гетева од ТВ Алфа јавно треба да објави извинување.

Потсетуваме дека клеветата и навредата не спаѓаат во слобода на изразување, a новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin