Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставка доставена од Министерството за здравство

ZNM
Monday 8 July, 2019Monday 8 July, 2019/ Monday 8 July, 2019
Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија ја разгледа претставката која ја достави Министерството за здравство за серија текстови кои новинарката Менче Атанасова-Точи ги објавила во порталот NovaTv.mk и не најде прекршување на новинарскиот кодекс при известувањето за работата на ова Министерство.
Советот смета дека изнесените податоци од страна на новинарката се поткрепени со изјави од повеќе конкретни или неименувани извори, но сепак доколку во Министерството за здравство сметаат дека новинарот објавил дезинформации и лажни вести, тогаш според истиот Кодекс, имаат право да побараат објавување на демант.
Советот на честа ја поздравува одлуката на Министерството за здравство да се послужи со поднесување на претставка во телата за саморегулација како правилен начин за решавање на недоразбирањата на релација институција-новинар.
Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin