Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Новинарскиот форум со поддршка за работата на ЗНМ

ZNM
Friday 7 December, 2018Friday 7 December, 2018/ Friday 7 December, 2018

На петти декември во Јавна соба се одржа редовна средба на Новинарскиот форум, консултативно тело на ЗНМ составено од искусни новинари и медиумски експерти, на која се дискутираше за актуелни теми поврзани со правата на новинарите и медиумската политика во државата.

Новинарот Сашо Ордановски како координатор на ова тело го водеше состанокот, а присутни беа дваесетина претсавници кои дискутираа на неколку точки како што се: претстојното Изборно собрание на ЗНМ, за реформите во медиумите и Планот 18 на Владата на РМ, за субвенциите кои ја добија печатените медиуми како и за останати теми поврзани со новинарството.

Заклучок на средбата беше дека Изборното собрание треба да помине во најдобар ред, а новите претставници на управните органи на ЗНМ да продолжат да работат за подобрување на климата во која работат новинарите и медиумите во државата.

Новинарскиот форум беше создаден во 2011 година со цел да служи како советодавно тело на Здружението на новинарите на Македонија и оттгаш има одржано над 15 средби.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin