Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Министрите да научат да комуницираат со новинарите

ZNM
Thursday 21 February, 2019Thursday 21 February, 2019/ Thursday 21 February, 2019
Здружението на новинарите на Македонија го осудува однесувањето на министерот за економија, Крешник Бектеши кон новинарката Милка Смилевска. Имено, на новинарското прашање на Смилевска за тоа како неговата сестра се вработила токму во период кога тој станал министер, Бектеши одговори со прашање: зошто новинарите работат во медиумите во кои работат, а зошто не во некои други?
Го потсетуваме министерот Бектеши, но и останатите министри во Владата дека новинарите се гласот на јавноста и нивна работа е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека министрите треба да дадат одговори на тие прашања.
Ова особено важи во случаи кога има сомнежи за злоупотреба на должноста од страна на функционери во власта. Ова не е прв случај на непримерно однесување на министрите на оваа влада. ЗНМ веќе реагираше на етикетирањето и притисоците кои беа извршени врз новинарите од страна на други владини министри.
Го повикуваме премиерот Заев сериозно да разговара со своите министри бидејќи ваквите изјави и однесувања се непримерни и директно ја загрозуваат слободата на медиумите и слободата на изразувањето.
Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: