Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Малку време остана за обновување на членството пред Изборното собрание

ZNM
Friday 30 November, 2018Friday 30 November, 2018/ Friday 30 November, 2018

Здружението на новинарите на Македонија ги потсетува своите членови кои го немаат ажурирано своето членство дека тоа можат да го сторат најдоцна до 05 декември 2018 година. Истото важи и за новинарите кои сакаат да се кандидираат за една од позициите во раководните тела на ЗНМ: Претседател на Здружението, Управен одбор, Надзорен одбор и Совет на честа.

Кандидатурите за Претседател на ЗНМ, за членовите на Управен одбор, Надзорен одбор и за Советот на честа треба да бидат доставени во писмена форма најдоцна до 12 декември (среда) 2018 година во канцеларијата на ЗНМ, испратени на следнава адреса: Здружение на новинарите на Македонија, ул. Градски Ѕид Блок 13, 1000 Скопје или да се испратат електронски на е-маил адресата на ЗНМ – contact@znm.org.mk.

За Претседател на ЗНМ може да се кандидира секој редовен член на ЗНМ кој има поддршка од најмалку 10 (десет) редовни членови и има осумгодишно работно искуство. За да се кандидирате треба да доставите изјава со ваши податоци, која ќе содржи и име, презиме и потпис од десет редовни членоци на Здружението.

За членови на Управен одбор, Надзорен одбор може да се кандидира секој редовен член кој има поддршка од 5 (пет) членови на ЗНМ. За кандидирање за една од овие позиции исто така треба да се достави изјава со ваши податоци и позицијата за која конкурирате, а кандидатурата треба да биде подржана од 5 редовни членови на ЗНМ.

За членови на Советот на честа кандидирањето е можно по принцип на: самокандидирање со поддршка од 5 редовни члена и кандидирање по предлог од најмалку 3 редовни члена. Кандидатурата исто така се врши преку поднесување на изјава.

Сите кандидати и новинари кои сакаат да го остварат правото на глас треба да ги имаат подмиренo своите обврски кон ЗНМ.

Пријавата за една од горенаведените позиции можете да ја преземете од овој линк.

Print Friendly, PDF & Email

.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedin