Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Конкурс за доделување новинарски награди на ЗНМ за 2018 година

ZNM
Tuesday 22 January, 2019Tuesday 22 January, 2019/ Tuesday 22 January, 2019

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) распишува конкурс за доделување на две годишни награди за новинари за 2018 година.

ЗНМ традиционално секоја година доделува две награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство.

Оваа година, Управниот одбор на ЗНМ во согласност со Статутот, одлучи да додели уште една награда за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2018 година на новинари од внатрешноста на Македонија.

–         За наградата за животно дело кандидатите може да се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Во пријавата освен личните податоци на кандидатот и кратка биографија, се доставува и кратко образложение за остварувањата на кандидатот, што оставиле посебна трага во македонското новинарството,

–         Кандидатите за годишната награда за истражувачко новинарство се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Медиумските продукти треба да бидат сериозни новинарски истражувања објавени во 2018 година во медиумите во Македонија, посветени на важни прашања за пошироката заедница. Приказните треба да откриваат злоупотреби на власта и моќта, кршење на човековите права и слободи. Тие треба да бидат оригинални и поткрепени со факти проверени од разни извори на информации,

              За наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2018 година се пријавуваат новинари кои имаат објави во локални или регионални медиуми или се дописници на национални медиуми во Македонија. Пријавата и за оваа категорија може да биде од самиот новинар или по предлог на тројца колеги.

Во апликацијата за наградата за истражувачко новинарство и новинарско известување на теми од локално и регионално значење се доставува медиумскиот продукт во изворен формат и дополнителни две копии.

Апликациите и пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 11 февруари 2019 година.

Апликациите за трите награди може да се достават:

– По пошта, адресирани на Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид, блок 13, 1000 Скопје, Р.М.;

– По електронска пошта на: contact@znm.org.mk или

– Лично во канцеларијата на ЗНМ

Пријавите треба да бидат означени: „За НАГРАДА“.

На добитникот на награда за животно дело ќе му се додели плакета, додека за најдобрата истражувачка сторија и за наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2018 година предвидена е плакета и парична награда во износ од 500 евра во денарска противвредност по награда.

Изборот на добитниците ќе го изврши Комисија за доделување на наградите на ЗНМ.

Лице за контакт за информации околу аплицирањето за наградите: Елизабета Столева – 02/ 3 298 139 или на електронска адреса: contact@znm.org.mk

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: