Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Кандидати за Изборното собрание на ЗНМ

ZNM
Thursday 13 December, 2018Thursday 13 December, 2018/ Thursday 13 December, 2018

Вчера беше последниот ден за пријавување на кандидати за позициите во органите на Здружението на новинарите на Македонија. Кандидатите можеа да се пријават до полноќ со испраќање на кандидатурите во канцеларијата на ЗНМ или пак по пат на електронска пошта.

Во ЗНМ пристигна севкупно (41) кандидатури, од кои (2) за Претседател на Здружението, (27) за членови во Управниот одбор, (7) за членови на Надзорниот одбор и (5) за членови во Советот на честа.

За Претседател на ЗНМ на овие избори се кандидираа новинарите: Младен Чадиковски и Стојанче Наумов.

За членови на Управниот одбор се кандидираа:

  1. Ајдари Аднан,
  2. Акифи Шклзен,
  3. Андонов Зоран,
  4. Арифи Бењамин,
  5. Атовска Кристина,
  6. Димевски Сашко,
  7. Димитровски Зоран,
  8. Донев Венцо,
  9. Ѓеоргиев Томислав,
  10. Иванов Мишко,
  11. Јовановска Слободанка,
  12. Јовановски Тодор,
  13. Кока Фиљана,
  14. Мачкиќ Кристина,
  15. Маџоски Зоран,
  16. Митреска Елизабета,
  17. Михајлоски Гоце,
  18. Николовска Билјана,
  19. Петроска Парашкева,
  20. Поповски Среќко,
  21. Салију Фуркан,
  22. Салих Зехријан,
  23. Стефановски Илија,
  24. Стојанов Игор,
  25. Трпческа Мирјана,
  26. Халили Мемедалија Евис,
  27. Цветковска Сашка.

За членови на Надзорниот одбор се кандидираа:

  1. Јордановска Мери,
  2. Керими Адриан,
  3. Мехмети Семи,
  4. Мулачка Ирена,
  5. Стројмановски Трајче,
  6. Сулејмани Башким,
  7. Стојановска Наташа.

За членови на Советот на честа се кандидираа:

  1. Костиќ Мира,
  2. Јакупи Семра,
  3. Зилбеари Сенад,
  4. Зекири Арбен
  5. Лефков Горан.

Уште еднаш ве потсетуваме дека Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи на 15 декември, 2018 година во СЦ „Борис Трајковски“ во Малата сала, со почеток во 10:00 часот.

Од кандидатите за Претседател единствено Младен Чадиковски испрати програма за работа (која можете да ја погледнете тука), додека Стојанче Наумов најави дека ќе ја презентира својата програма пред членовите на самото Собрание.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: