Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Избрано ново раководство на ЗНМ

  • 4898
  • 4898
  • 4898
  • 4898
  • 4898
  • 4898
  • 4898
  • 4898
  • 4898
  • 4898
ZNM
Monday 17 December, 2018Monday 17 December, 2018/ Monday 17 December, 2018

Здружението на новинарите на Македонија пред два дена одржа редовно Изборно собрание на кое беа избрани: нов претседател на Здружението, членови на Управен и Надзорен одбор како и членови на Советот на честа. Собранието помина во најдобар ред и демократска атмосфера, а членовите на Здружението слободно гласаа за предложените кандидати.

Младен Чадиковски ја доби довербата од членството и беше избран за нов претседател на Здружението со поддршка од 86 гласа од присутните 169, додека противкандидатот Столе Наумов доби 77 гласа.

За членови на Управниот одбор според бројот на најмногу освоени гласови беа избрани:

  1. Фиљана Кока
  2. Фуркан Салиу
  3. Среќко Поповски
  4. Аднан Хајдари
  5. Сашка Цветковска
  6. Мишко Иванов
  7. Сашко Димевски
  8. Бењамин Арифи
  9. Слободанка Јовановска
  10. Зоран Димитровски

За членови на Надзорниот одбор според бројот на најмногу освоени гласови беа избрани:

  1. Мери Јордановска
  2. Адриан Керими
  3. Наташа Стојановска
  4. Семи Мехмети
  5. Ирена Мулачка

За членови во Советот на честа според бројот на најмногу освоени гласови беа избрани:

  1. Мира Костиќ
  2. Семра Јакупи
  3. Арбен Зеќири
  4. Сенад Зилбеари
  5. Горан Лефков

Покрај изборот на раководните органи на Здружението на настанот беа презентирани финансискиот извештај и извештајот за работата на ЗНМ, како и главните резултати од проектот „Мрежа на новинари за медиумските слободи во Македонија“, кој го спроведуваше ЗНМ во последните три години, a беше поддржан од ЕУ.

Честитки до новиот претседател стигнаа и од Европската федерација на новинарите, која му порача на Чадиковски да продолжи да работи и понатаму во интерес на новинарите. Истовремено ЕФН се заблагодари на досегашниот претседател на ЗНМ – Насер Селмани за досегашната работа и ангажман за слободата на медиумите и човековите права.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: