Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ: Рекламите на партиите во медиумите се ризичен чекор

ZNM
Thursday 13 June, 2019Thursday 13 June, 2019/ Thursday 13 June, 2019

Здружението на новинарите на Македонија реагира на рекламирањето во приватните медиуми за работата на Владата во последните две години нарачани и платени со пари на политички партии. Во последните неколку дена во медиумите се забележуваат видео спотови со кои се врши промоција на проекти кои се реализирани од страна на Владата, a рекламите се плаќаат од партиската сметка на СДСМ.

Според законските прописи на политичките партии дозволено им е да промовираат свои кампањи во приватните медиуми, но во време на предизборна политичка кампања. Иако не постои експлицитна забрана за рекламирање надвор од овој период, со оваа негативна пракса може да се влијае на уредувачката политика и на начинот на известување на дел од медиумите.

Во услови кога политичките партии своето финансирање го обезбедуваат и од државниот буџет на Република Северна Македонија тие треба да бидат уште поодговорни при трошење на парите во приватните медиуми. Освен ова, проблематична е и целта на политичките партии кои се дел од власта, да трошат јавни средства со кои се промовираат одредени владини политики и проекти.

Оваа пракса со која СДСМ ги промовира проектите на Владата кои биле спроведени во текот на изминатите две години претставува ризичен чекор кој може да има негативни последици врз и така кревката слобода на медиумите и слободата на изразувањето во земјата, што ќе значи повторно назадување на светските индекси за слобода на медиумите.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: