Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ потпиша Меморандум за соработка со Народниот правобранител

ZNM
Wednesday 15 May, 2019Wednesday 15 May, 2019/ Wednesday 15 May, 2019

Здружението на новинарите на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Народниот правобранител на Република Северна Македонија. Целта на потпишувањето на Меморандумот е да се подобри и официјализира соработката која ЗНМ ја има со Народниот правобранител.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски истакна дека преку овој Меморандум се демонстрира и институционална волја од страна на Народниот правобранител за поголема заштита на новинарите. „Дел од обврските на Здружението на новинарите на Македонија кои произлегуваат од потпишувањето на Меморандумот се организирање на семинари и работилници, издавање на анализи и публикации, како и креирање на кампањи за кревање на свеста на граѓаните за улогата на Народниот правобранител во однос промоција на заштитата на правата на новинарите и слободата на говорот, како и за важноста новинарите слободно и безбедно да ја вршат својата професија“ рече Чадиковски.

Освен тоа, Чадиковски истакна дека ЗНМ и Народниот правобранител ќе работат на унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите, како и точното и навремено информирање на граѓаните и јавноста.

„Штитејќи ги правата на новинарите ја штитиме јавноста, бидејќи слободни новинари се гарант за професионално известување и добро информирана јавност“, рече Чадиковски и додаде дека токму тоа е причината поради која ЗНМ активно работи и соработува со сите релевантни институции за да можат колегите новинари да се чувствуваат безбедни на терен при извршувањето на своите професионални задачи.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: