Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ организира работилница за изготвување на нов стратешки план

  • 5397
  • 5397
  • 5397
  • 5397
  • 5397
  • 5397
  • 5397
  • 5397
  • 5397
  • 5397
  • 5397
  • 5397
ZNM
Friday 17 May, 2019Friday 17 May, 2019/ Friday 17 May, 2019

Во тек е работилница за стратешко планирање на Здружението на новинарите на Македонија, која во наредниот период треба да резултира со нов годишен и тригодишен стратешки план.

На работилницата учествуваат членови на сите органи на Здружението, односно членови на Управниот и Надзорниот одбор, Советот на честа, како и дел од координаторите на регионалните центри на ЗНМ. Учесниците за време на првиот ден на работилницата разговараа за предностите, ризиците и можностите за понатамошен развој на ЗНМ, а се дефинираа и стратешките цели кои ќе бидат инкорпорирани во новиот стратешки план на Здружението на новинарите на Македонија.

Меѓу клучните заклучоци кои произлегоа од дебатата на првиот ден од работилницата беа поддршката, вклученоста и професионалниот развој на членството при работењето на ЗНМ, застапувањето на ставовите на Здружението пред домашната и меѓународната заедница, одржливоста и видливоста на ЗНМ, вклученоста во работата на ЗНМ од страна на регионалните центри, соработката со останатите медиумски организации итн.

Фасилитатори на работилницата беа Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Наталија Братуљевиќ од Белград, експерт во областа на стратешко планирање.

Оваа работилница се одржува во Охрид, а беше организирана со помош на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: