Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ на средби со претставници на Европските институции

  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
  • 4814
ZNM
Thursday 29 November, 2018Thursday 29 November, 2018/ Thursday 29 November, 2018

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија беа во тродневна посета на Брисел каде остварија повеќе билатерални средби со претставници на Меѓународната федерација на новинарите (МНФ), пратеници на Европскиот парламент, претставници на Европската комисија како и со други организации кои работат во сферата на медиумите.

На првата средба Претседателот на ЗНМ – Насер Селмани, Извршниот директор – Драган Секуловски, како и координаторот за комуникации – Дениз Сулејман се сретнаа со директорката на Европската федерација на новинарите – Рената Шредер и нејзините колеги со кои во останатиот период се сретнаа уште неколку пати. Тие разговараа за актуелната состојба со медиумите во државата, за чекорите кои треба да се преземат, како и за можната идна соработка со ЕФН и МФН со цел да се зголемат капацитетите на новинарите и да се зголеми нивото на безбедност при нивното работење.

Втората средба на која присуствуваа претставниците на Здружението беше групната средба со Европската Комисија (DGNEAR) на која се разговараше за медиумските реформи и за безбедноста на новинарите во државата и во регионот, додека подоцна истиот ден одржаа и билатерална средба со одговорните лица за Македонија.

Во рамки на посетата, претставниците на ЗНМ имаа билатерални средби и со неколкумина пратеници од Европскиот Парламент како што се: Алојз Петерле, Иво Вајгл и Тонино Пицула, а потоа присуствуваа на брифинг каде пред новинарските организации од земјите од Западен Балкан говореа европарламентарците Тања Фајон и Кнут Флекенштајн.

На сите средби беше укажано дека загрижува фактот што во последната верзија на „Планот 18“ на Владата на Република Македонија е избришан делот кој се однесуваше на реформи во медиумите. Исто така, посебен акцент беше ставен и на високото ниво на неказнивост на нападите врз новинарите чиј процент се уште е многу висок. На средбите стана збор и за потребата за промена на спорните делови во Изборниот законик за кои Здружението на новинарите на Македонија алармираше при самото негово изгласување, а во таа насока беше нагласена и потребата од одблокирање и конечно изгласување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој веќе одамна е заглавен во Парламентот.

Оваа посета беше организирана како дел од активностите кои ги презема ЗНМ во делот на застапување и лобирање за безбедноста на новинарите и слободата на медиумите во Македонија.

Како резултат на средбите кои ги имаа претставниците на ЗНМ, на вчерашната пленарна седница на Европскиот парламент, пратеникот Иво Вајгл ја истакна важноста на медиумите во едно демократско општество. Тој рече дека Македонија ќе треба да обезбеди простор за слободни и плуралистички медиуми, треба да ги заштити новинарите во земјата и да се бори против организираниот криминал на поефективен начин.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: