Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ наградено за посебни достигнувања во рамки на програмата ЦИВИКА Мобилитас

  • 4846
  • 4846
  • 4846
  • 4846
  • 4846
  • 4846
ZNM
Tuesday 4 December, 2018Tuesday 4 December, 2018/ Tuesday 4 December, 2018

Здружението на новинарите на Македонија се најде меѓу десетте наградени граѓански организации, за посебни достигнувања во рамки на завршниот настан кој го организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка на 30-ти ноември, 2018 година. На настанот учествуваа претставници од 132 организации кои биле дел од програмата Цивика Мобилитас, која се спроведуваше во изминативе четири години.

За време на настанот се обрати амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада која истакна дека во последните две-три години иницијативите на граѓанското општество обезбедиле опипливи промени во земјата што го потврди потенцијалот за зголемување на неговото влијание. „Секако, свесни сме дека овие реформи се уште се далеку од очекувањата на граѓаните, но барем постои добра основа за дијалог и отвореност за соработка“, истакна таа.

„Ова е најголемата програма за поддршка на граѓанските организации, односно програма која овозможила најширок опфат во историјата, што ме прави многу среќен“, рече Александар Кржаловски, националниот тим лидер на Цивика мобилитас. Тој ги сумираше резултатите на програмата кои вклучуваат над 2000 обуки за граѓанските организации, над 1800 истражувања на различни теми, над 500 дебати и дискусии, над 600 истражувачки стории итн.

Во рамки на Програмата, ЗНМ организираше бројни активности преку кои се работеше на професионалниот развој на новинарите, на поголема професионализација на новинарската професија и зголемување на капацитетите на Здружението. Истовремено беа промовирани многу публикации, беа доделувани новинарски награди и се одржаа бројни дебати.

На настанот се обрати и Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски кој истакна дека ЗНМ преку поддршката од програмата на ЦИВИКА имаше бројни настани за новинари низ цела Македонија, кои биле проследени со разни публикации кои се релеватни за нашите колеги. „Еден од најголемите успеси на ЗНМ поддржани преку оваа програма е добиенот случај „Селмани и останатите против Македонија“ пред Еропскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кој е единствен случај во државата според кој е прекршен членот 10 кој се однесува на слободата на изразување“, рече Секуловски.

 

(Сликите се преземени од МЦМС)

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: