Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ: Миликије Халими го осуди атакот врз ТВ21 и повика на санкции за одговорните

ZNM
Wednesday 17 April, 2019Wednesday 17 April, 2019/ Wednesday 17 April, 2019

По денешната осуда од Здружението на новинарите на Македонија и барањето до сите институции инцидентот веднаш да биде расветлен, попладнево со реакција се јави градоначалничката на Арачиново Миликије Халими. Таа се придружува на осудите и бара целосно расветлување на настанот.

„Најостро го осудувам чинот што се случи во просториите на општината. Како прв човек на локалната самоуправа лично ќе се заложам вакви настани веќе никогаш да не се повторат. Слободата на говор, на јавно информирање и непречена работа на медиумите се неприкосновени и цврсто стојам зад тие вредности кои што се и уставно загарантирани. Очекувам и ги повикувам, надлежните институции во најкус можен рок да го расчистат настанот и соодветно да бидат санкционирани“, се вели во дописот што до ЗНМ го испрати Халими.

ЗНМ претходно соопшти дека таквото насилничко и примитивно однесување на кое биле подложени колегите од ТВ21, е неприфатливо и претставува напад врз слободата на информирање и класично попречување во вршењето на работата на новинарите.

ЗНМ ја поздравува брзата реакција на градоначалничката Миликије Халими и истовремено бара итна и ефикасна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: