Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Доделени годишните награди на ЗНМ

  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
  • 5220
ZNM
Thursday 7 March, 2019Thursday 7 March, 2019/ Thursday 7 March, 2019

По повод 73-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија, денеска беа доделени годишните новинарски награди на ЗНМ.  Оваа година освен наградата за животно дело и наградата за истражувачко новинарство, беше доделена и награда за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2018 година на новинари од внатрешноста на Македонија.

Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и беше доделена на новинарката на Нова ТВ Менче Атанасова Точи, додека наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство ја поделија новинарот на Телевизија 24 вести Сунаи Сабриоски и Ирена Мулачка, новинарка во весникот Фокус. Сузана Мицева и Светлана Дарудова ги освоија наградите за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2018 година на новинари од внатрешноста на Македонија.

На доделувањето на наградите се обрати и претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски кој им честиташе на наградените и рече дека оваа година имало голем број на апликации за новинарските награди, а меѓу оние кои конкурирале имало многу млади новинари.

„Годинава доделуваме и повеќе награди, а на мое и на инсистирање на Управниот одбор на Здружението од оваа година ќе доделуваме уште една нова награда, а тоа е наградата за стории особено важни за локалниот и регионален развој со цел да го поттикнеме истражувачкото новинарство и во внатрешноста на Македонија“, истакна Чадиковски.

Во однос на фондот за награди Чадиковски рече дека оваа година ЗНМ ги обезбедило потребните средства во соработка со Стопанската комора на Македонија. Според него, овие награди треба да дадат позитивен пример кој треба да го следат сите останати колеги при нивното работење.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: