Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Да прекине оценувањето на новинарите на МТВ со административни критериуми

ZNM
Wednesday 5 December, 2018Wednesday 5 December, 2018/ Wednesday 5 December, 2018

Здружението на новинарите на Македонија протестира против оценувањето на новинарите и креативниот кадар на Македонската радио телевизија согласно Законот за јавни службеници.

Новинарите и креативниот кадар на МРТ не смеат да се третираат како јавна администрација и даватели на јавни услуги затоа што така се нарушува институционалната автономија и се оневозможува неговата улога како јавен радиодифузен сервис на граѓаните.

Нивното оценувањето како дел на јавна администрација претставува политички притисок врз нашите колеги и обид да се влијае врз уредувачката политика на јавниот сервис.

Програмскиот совет и директорот на МРТ треба веднаш да го одложи оценувањето на новинарите на јавниот сервис со административни критериуми се додека не се извлечат нашите колеги од Законот за вработените во јавниот сектор.

Исто така, бараме од Министерството за информатичко општество и администрација да престане да врши финансиски притисок врз МРТ. Јавниот сервис отчет дава само пред Собранието на Македонија и на никој друг. МИОА нема право да бара месечни извештаи за финансиското работење на МРТ затоа што со тоа врши упад врз финансиската независност на јавниот сервис.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: