Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Возобновена секцијата на спортски новинари при ЗНМ

ZNM
Saturday 23 February, 2019Saturday 23 February, 2019/ Saturday 23 February, 2019

Денеска во рамки на Здружението на новинарите на Македонија беше возобновена секцијата на спортски новинари. Секцијата ќе се занимава со правата, заштитата и условите за работа на сите локации на кои колегите од спортските редакции ги извршуваат своите обврски, како пред домашните, така и пред меѓународните спортски сојузи и асоцијации.

На денешниот собир во ЗНМ присуствуваа педесетина спортски новинари од речиси сите редакции и од сите видови на медиуми, а присутни беа и дел од ветераните на спортското новинарство.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски истакна дека ЗНМ како реномирана и најстара новинарска организација во земјата ќе биде ветер во грб за секцијата на спортските новинари со цел подобрување на условите за работа на новинарите и поефикасно претставувње пред домашните и меѓународните организации.

Истовремено беше назначено и привремено раководно тело на секцијата во состав: Перо Момировски, Сафет Адеми и Владко Арсов.

Тие се заложија да го вратат реномето на секцијата, а со самото тоа да работат на обезбедување оптимални услови за работа на спортските арени, за професионално извршување на работните задачи на спортските новинари, како и подобра комуникација со клубовите и федерациите.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin