Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Претставена публикацијата: „Анализа на одлуки на Основниот суд Скопје II Скопје во врска со примената на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда извршени преку медиуми донесени во 2017 и 2018 година“

ZNM
Tuesday 25 December, 2018Tuesday 25 December, 2018/ Tuesday 25 December, 2018

Здружението на новинарите на Македонија ја промовираше публикацијата „Анализа на одлуки на Основниот суд Скопје II Скопје во врска со примената на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда извршени преку медиуми донесени во 2017 и 2018 година“.

На промоцијата на публикацијата се обрати Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски кој објасни дека во оваа публикација предмет на анализа се одлуките на Основниот суд Скопје II Скопје донесени во периодот од октомври 2016 година до јануари 2018 година.

„Анализата е направена врз основ на податоците од 14 првостепени одлуки, преземени од веб страната на Основниот суд Скопје II Скопје. Одлуките се донесени во периодот од октомври 2016 година до јануари 2018 година и се анонимизирани, односно во нив не се наведени личните податоци на тужителите и тужените, согласно на обврската за заштита на личните податоци“, истакна тој.

Според Секуловски меѓу поважните заклучоци од анализата е фактот дека судиите кои постапуваат по овие предмети правилно го применуваат законот и ги почитуваат правата на двете страни во постапката, меѓутоа постојат формални пропусти во одредени стадиуми во постапката кои не се од влијание за донесување на законити и правилни одлуки. „Исто така, должината на траењето на постапката и периодите меѓу закажаните расправи потврдуваат крајна неажурност на судовите“, рече Секуловски.

Оваа публикација e изработена во рамките на проектот „Мрежа на новинарите за слобофа на медиумите”, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Здружението на новинарите на Македонија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Здружението на новинарите на Македонија и нејзините автори и во ниту еден случај не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Целата анализа можете да ја прочитате на следниот линк.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin